ФУДБАЛ

ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА, погледнете ги најинтересните моменти (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз.

Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во 39.минута, а на почетокот на вториот дел екипата од Лондон го зголеми водството на 2:0 стрелец на голот беше Кристијан Ромеро.

Неизвесност во завршницата донесе Канг Ин Ли со голот во 85.минута, а голот за изедначување (2:2) го постигна Гонзало Рамош во 90+4 минута.

ПОВРЗАНО

Лига Европа