Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси исфрлен од тимот на Пари Сен Жермен! Клубот го суспендираше на две недели затоа што не се појави на тренинзите на првиот тим, а сето тоа затоа што реши да замине на мини-одмор со семејството во Саудиска Арабија, што е особено проблематично бидејќи сопствениците се од Катар.
Меси таму сними и реклама, која не ја „пријави“. Ова е прва ваква казна за Меси во кариерата, што само ќе ги подгрее гласините дека на лето заминува од Париз.
