ФУДБАЛ

ПСЖ го „замрзна“ Рамос, следува уште едно бурно лето!

Авантурата на Серхио Рамос во ПСЖ би можела да заврши порано отколку што планираше искусниот дефанзивец.

Според информациите кои ги објави Le Parisien, искусниот стопер сака да остане во француската престолнина, но ПСЖ не сака да го задржи.

Le Parisien тврди дека на Рамос веќе му била покажана излезната врата како јасен знак дека неговото доведување било голем неуспех.

Искусниот стопер минатата недела изјави дека има уште една година договор и дека има намера да остане на Паркот на принцовите, клубот од француската престолнина не сака да го задржи.

Како главна причина се споменува недостатокот на континуитет. Без разлика што настапи на последните три натпревари, неговата физичка состојба е многу загрижувачка за сите во ПСЖ.

Голем хендикеп за ПСЖ е високата плата (27 милиони бруто) која ја има Рамос и ретки се клубовите кои можат да ја платат таа сума, особено ако се земат предвид честите повреди.

Така, на легендарниот капитен на Реал Мадрид му претстои уште едно бурно лето откако минатата година по 15 години мораше да ги напушти мадридските кралеви, а сега треба да ги напушти и принцовите од Париз.

Претходно ПСЖ им порача на уште тројца играчи дека можат да бараат нови клубови. Леандро Паредес и Муаро Икарди се на продажба, додека договорот со Ди Марија нема да биде продолжен.