ПСЖ има уште еден ас во ракавот да го убеди Мбапе да го продолжи договорот

Written by

in

Килијан Мбапе се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Веќе неколку месеци трае сагата околу Мбапе, кој се уште не одлучил да ја соопшти одлуката каде ќе игра следната сезона.

Познато е дека Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона и во неколку наврати ја одби можноста да го продолжи договорот со Париз. Многумина веруваат дека Мбапе на лето ќе потпише за Реал Мадрид, но тој официјално не се огласил на таа тема.

Мбапе го чека крајот на сезоната за да им ја соопшти својата одлука на сите, а медиумите во Франција сметаат дека има навистина мали шанси овој напаѓач и следната сезона да го гледаме во дресот на ПСЖ.

Сепак, L’Equipe утринава објави дека челниците на ПСЖ се уште не се откажале од Мбапе и се подготвени да ги продолжат преговорите за нов договор и да му понудат услови кои тешко ќе ги одбие.

ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатен фудбалер во светот и да му даде се што ќе посака, но очигледно е дека во моментов единствена желба му е да потпише за Реал Мадрид.

L’Equipe пишува дека парижаните имаат уште еден ас во ракавот. Наводно, ПСЖ ќе му понуди на Мбапе и капитенската лента за да му покаже колку е важен за овој клуб и да се обиде да го убеди да остане во клубот.