Наполи го купи Рахмани затоа што Кулибали е блиску до заминување од Серија А.
ПСЖ нема намера да се откаже од Кулибали.
Според француските медиуми, челниците на парижаните се обидуваат да го убедат дефанзивецот да се пресели во Лига 1, му понудиле плата од 12 милиони евра годишно, откако го видоа како идеален наследник на Тијаго Силва.
28-годишниот фудбалер претходно одби понуда за преселба во Париз, но гледајќи ја сложената ситуација што ја минува Наполи, каде и покрај тоа што ги менуваа тренерите со заминувањето на Анчелоти и доаѓањето на Гатузо, работите не се променети. Сега се чини дека се предомисли и може многу лесно да замине.
Манчестер Сити исто така го сака фудбалерот, бидејќи Наполи веќе пронајде замена – тоа е Амир Рахмани од косовската репрезентација кој ги направи лекарските тестови во петокот.