ФУДБАЛ

ПСЖ испрати понуда до Меси, финансиски посилна од онаа на Барселона

На крајот на минатиот месец, Лионел Меси официјално стана слободен агент.

Неговиот договор со Барселона истече на крајот на минатиот месец, а сè уште не е познато каде според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња ќе ја продолжи кариерата.

Малку клубови можат да ги задоволат финансиските апетити на Меси, а ПСЖ наводно сериозно се вклучил во играта за да го донесе.

Според шпанските медиуми, ПСЖ контактирал со агентите на Меси и им ставил понуда на нивната маса. Од финансиска страна, барем така тврдат шпанските медиуми, посилна од онаа на Барселона.

Дали Аргентинецот ќе ја прифати оваа понуда нема да се знае наскоро, со оглед на тоа дека тој е фокусиран на Копа Амарика, каде сака да ја освои титулата со Аргентина, а наводно ПСЖ не сака премногу да го „притиска“ големиот Аргентинец и се подготвен да го чека неговото враќање во Европа.

Да потсетиме, пред неколку дена, информациите од Шпанија кои дојдоа велат дека Меси сигурно ќе остане во Барселона.

Шпанските медиуми истакнаа дека тој се согласил на понудата на шпанскиот великан, според која тој ќе потпише двегодишен договор, па дури беше и наведено дека по истекот, тој треба да замине во САД за да ја заврши кариерата во МЛС .

Сепак, очигледно е дека информациите се менуваат од ден на ден, па веројатно нема да се знае ништо додека Меси не се врати од Копа Америка.