ФУДБАЛ

ПСЖ избра меѓу Донарума и Кејлор Навас

ПСЖ конечно пресече. Тие избраа меѓу Кејлор Навас и Џанлуџи Донарума, пренесува L’Equipe.

На крајот на сезоната, ПСЖ го имаше можеби најдоброто голманско дуо во светот. Искусниот и одличен Навас и европски првак со Италија, Донарума се избори за местото „единица“.

 

Тоа нема да биде случај следната сезона бидејќи „Паркот на принцот“ избра голман за следната сезона, пишува „Л’Екип“.

 

Следната сезона неприкосновен број 1 меѓу стативите ќе биде Донарума, пред се затоа што е 12 години помлад од Костариканецот.

 

Навас беше одличен и оваа сезона, додека Донарума имаше многу грешки, особено во некои од клучните натпревари како што беше случајот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал.

 

Тоа значи дека 35-годишниот Навас може да ги спакува куферите и да бара нова средина. Не е исклучено враќање во Шпанија, но интерес има и од Англија.

 

Слично нешто Костариканецот доживеа и во Реал кога Тибо Куртоа беше доведен до голот и покрај одличните изданија.