ФУДБАЛ

ПСЖ ја изнајми Ајфеловата кула за 10 август – може да има само една причина

Францускиот шампион ПСЖ наводно ја изнајмил Ајфеловата кула за 10 август, а причината во овој случај може да биде само една.

Ова, се разбира, е доаѓањето на Лионел Меси во Париз, бидејќи ПСЖ е главниот кандидат за доведување на сега веќе поранешната sвезда на Барселона.

Откако Барселона објави дека соработката со Меси нема да се продолжи, ПСЖ веднаш се активираше и францускиот клуб е најголем фаворит за негово доведување.

За фактот дека Меси би можел да заврши во Париз, укажуваат и информациите на шпанскиот новинар Хозе Алварез дека ПСЖ ја издал Ајфеловата кула за вторник, 10 август.

https://twitter.com/IntChampionsCup/status/1423676687590514689

Многумина претпоставуваат дека причината е доаѓањето и прикажувањето на Меси пред симболите на Париз, и ќе видиме дали навистина ќе биде така.

Последен пат ПСЖ ја изнајми Ајфеловата кула беше на презентацијата на Нејмар, кој пристигна во Париз во 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.