Бразилскиот фудбалер Нејмар веќе две недели тренира со ПСЖ, но сè уште не настапи на пријателските натпревари.
Нејмар беше вон конкуренција за неколку пријателски натпревари бидејќи сè уште е нејасно дали ќе остане во Париз. Како што сите знаат, со недели се шпекулира дека Бразилецот ќе се врати во Барселона, која ја напушти пред две години.
Наводно, Нејмар се покајал што решил да дојде во ПСЖ и да ја напушти Барса пред две години, и покажа силна желба да се врати на „Камп Ноу“.
Сепак, преговорите за Барселона и ПСG не одат според очекувањата затоа што парижаните не сакаат да го пуштат така лесно. Барса понуди неколку играчи во замена за Нејмар, но тие тоа го одбија.
Француските медиуми утрово објавија дека Парижаните биле свесни дека Нејмар сака да го напушти клубот, па испратија нов предлог до Барселона. Тие јасно ставија до знаење дека не сакаат играчи, туку само пари.
Сепак, цената не е повеќе 230 милиони евра што првично ги бараа, ја намали цената на Нејмар на 180 милиони евра. Но, тешко е да се очекува Барса ќе издвои толку многу затоа што не се финансиски расположени.