ФУДБАЛ

ПСЖ ја откри бизарната причина поради која летово се откажале од доведување на Дембеле

Усман Дембеле летово беше во центарот на вниманието откако прво ја напушти Барселона, а неколку недели подоцна потпиша нов договор.

 

Сагата околу Дембеле траеше со месеци, а Французинот на почетокот на годината беше дури и на излезната врата од клубот кој сакаше да го продаде откако тој одби да го продолжи договорот.

 

На крајот дури и од трибините гледаше неколку натпревари, но потоа Чави го врати во тимот и покрај незадоволството на клупскиот лидер и таму се се сврте.

Дембеле почна да има фантастични партии и беше најдобар играч на Барселона во втората половина од минатата сезона. Тој е во одлични односи со Чави и на изненадување на многумина заврши со продолжување на договорот.

 

Францускиот репрезентативец беше без клуб неколку недели кога му истече договорот, но на крајот успеа да се договори со Барселона и да потпише нов двегодишен договор.

 

Јасно е дека Дембеле не доби ни приближно толку пари колку што очекуваше, поради што беше чудно што одби трансфер во ПСЖ. Неговиот агент Муса Сисоко инсистираше тој да замине во Париз бидејќи им понудија огромни пари, но тоа не се случи.

 

Дембеле и оваа сезона игра во фантастична форма, а со своите настапи се избори за враќање во француската репрезентација.

Медиумите во Франција пишуваат дека парижаните направиле голема грешка што се откажале од доведувањето на Дембеле ова лето, иако со него имаа се договорено неколку месеци, но на крајот дојде до пресврт.

 

На оваа тема зборуваше спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, кој се обиде да објасни зошто овој клуб не го донесе Дембеле, и зошто се предомислија во последен момент.

 

Не сакавме да го доведеме Усман Дембеле бидејќи неговиот стил на игра не одговара на нашиот. Тој е крилен напаѓач и го немавме во плановите за иднината на нашиот клуб“, изјави Окампос.

 

Сепак, многумина само се насмеаа на ваквото објаснување на Окампос бидејќи јасно е дека и ПСЖ жали што пропушти неверојатна можност да добие вакво засилување и тоа бесплатно.

 

Дембеле во досегашниот дел од сезоната има осум настапи за Барселона, постигна два гола и додаде четири асистенции.