Вечерва не очекува конечниот исход во групната фаза од Лигата на шампионите, а најинтересно ќе биде во групата Ф, што се очекуваше по ждрепката во август.
Групата „смрт“ го оправда тој епитет од почеток до самиот крај!
Дортмунд е единствен со сигурно место во осминафиналето со 10 бодови, додека ПСЖ е втор со седум. ПСЖ не смее ништо да препушти на случајноста, бидејќи и со реми може да биде елиминиран, под услов Њукасл да го победи Милан. ПСЖ со победа сигурно ќе оди понатаму, дури и како прв во групата, а во случај на пораз ќе испадне доколку победи или Њукасл или Милан.
Англичаните и Италијанците имаат иста пресметка – мора да победат. Со триумф Њукасл би го прескокнал ПСЖ, за кој ни бод не би бил доволен, бидејќи Њукасл има подобар меѓусебен дуел. Милан е во најтешка позиција, мора да победи, но и да се надева дека Дортмунд ќе го победи ПСЖ, што навистина изгледа како најтешка комбинација.
Доколку ПСЖ заврши третопласиран и се пресели во Лига Европа, ќе загуби значителен финансиски дел од колачот, кој секако е планиран во Париз.
Како што пренесува „RMC Sports“, Пари Сен Жермен ќе загуби повеќе од 30 милиони евра доколку не оди во нокаут фазата од елитното натпреварување.
Така би изгубиле 9,6 милиони што се добиваат за пласман меѓу 16-те најдобри и дополнителни 20 милиони од комерцијални приходи. А со тоа и секоја награда за освоените бодови (2,8 милиони евра за победа).
Веќе беше познато дека победникот на ЛШ ќе добие 52,7 милиони евра.
Сепак, сето тоа не ги нарушува плановите на управата на клубот, која сепак планира Луис Енрике да продолжи со својата работа.
Раководството на чело со Насер Ал Келаифи има долгорочна стратегија и тоа нема да го наруши резултатот во Лигата на шампионите. Неодамна добија нов акционер, американската компанија Арктос, која ќе преземе 12,5 отсто од акциите на клубот.
