ФУДБАЛ

ПСЖ му приреди катастрофа на Интер, со пет гола до прв пехар во ЛШ (ВИДЕО)

Каков само меч одигра ПСЖ за прв свој пехат во ЛШ. Го победија Интер со 5:0 во финалето, во кое може слободно да се каже дека само еден тим играше. Интер како да не постоеше, а ПСЖ го одигра можеби најдобриот свој меч. Почна Хакими во 12-та, продолжи Дуе во 20-та. Во вториот дел нова фуриозна игра на Французите, Дуе со втор гол, па Кварацхелија, на крајот Маулу за 5:0. Ова секако е голем историски успех за ПСЖ, а катастрофа на Интер кој до пред месец и половина се бореше за пехар на три фронта, а сега остана со празни раце.  ПСЖ од друга страна сезонава освои триплета, шампион на Франција, домашен Куп и ЛШ.