ФУДБАЛ

ПСЖ му се заблагодари на Меси

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен соопшти дека Лионел Меси нема да продолжи да настапува за тимот.

Откако претходно во текот на денот испрати благодарница до Серхио Рамос, ПСЖ најави збогување и со Лионел Меси, што беше и очекувано.

„Пари Сен Жермен сака да му се заблагодари на седумкратниот освојувач на Златната топка, освојувачот на Суперкупот на Франција и двократниот шампион на Франција“, се вели меѓу другото во соопштението на клубот .

Меси наскоро ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата. Неговата желба е Барселона, но прашање е дали тој клуб ќе најде механизам за негово доаѓање. Инаку, за него не недостигаат понуди од бројни екипи…