ФУДБАЛ

ПСЖ на удар поради расизамот

Етичкиот совет на Француската фудбалска асоцијација ги следи случувањата во ПСЖ, под обвинение дека клубот според етничкиот принцип ги одбрал младите играчи.

Француската лига за човекови права ја пополни апликацијата против ПСЖ и ја предложи на државниот обвинител.

Во тужбата се тврди дека скаутите на шампионот на Франција во периодот меѓу 2013 и 2018 година, го применуваа етничкиот принцип при изборот на млади играчи и ги категоризираат како француски играчи од областа на Магреб, Антили и Северна Африка.

„Mediapart“ пренесува дека еден млад црн фудбалер беше игнориран од страна на скаутите само поради бојата на кожата, а се работи за 18-годишниот Јан Габу, кој игра за младинската репрезентација на Франција и кој, наводно, исто така, беше третиран од страна парижаните кога имаше 13 години.

Од ПСЖ ги негира обвинувањата, тврдејќи дека не постои било каква форма на дискриминација во однос на расни или етнички принципи.