Францускиот шампион ПСЖ реши финансиски да им помогне на загрозените лица за време на пандемија на коронавирус.
Раководството на францускиот тим реши да донира 100.000 евра на фондација со која веќе има партнерство, кое се грижи да им помогне на децата, старите и бездомниците.
Тие го направија овој потег да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирус, а тие пари се додаток на цифрата од 400.000 евра што фондацијата ќе ја добие за редовни активности во текот на следните три години.
Сепак, фактот дека тие издвоија „само“ 100,000 евра за пандемија на коронавирус разлути многумина. Ова јасно се гледа на социјалните мрежи, каде луѓето се во апсолутно неверување.
Многумина се прашуваат зошто донацијата не е многу поголема со оглед на тоа што ПСЖ е еден од најбогатите тимови во светот и се знае дека таму фудбалерите имаат огромни плати.
Доста светски sвезди донираат пари за борба против коронавирусот. Пеп Гвардиола, Кристијано Роналдо и Лионел Меси имаат одвоено по еден милион евра, кошаркарите на НБА лигата прават огромни донации, како и другите богати спортисти и клубови.