ФУДБАЛ

ПСЖ не погреши ниту против Анже

Екипата на Париз Сен Жермен ја задржа предноста од 15 бода на врвот во француската Лига 1 , откако со 3-0 славеше над Анже во натпревар од 33.коло.

Со успехот собра 77 бода, додека нивниот најблизок гонител Марсеј има 62.

Натпреварот против Анжер го пропуштија двете мегаѕвезди во тимот на Маурисио Покетино – Лионел Меси и Нејмар . Аргентинецот е повреден додека бразилскиот ас издржува казна.