ФУДБАЛ

ПСЖ не сака да му понуди нов договор на Тухел

Актуелниот договор на германскиот стручњак со парискиот клуб важи до летото следната година, а тоа треба да биде крај на нивната соработка.

Раководството на ПСЖ не планира да го задржи Тухел и нема да му понуди нов договор, пренесува ЕСПН.

Според истиот извор, ПСЖ сака да го смени целиот стручен штаб и Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино се сметаат за најголеми кандидати за замена на Тухел.

Раководството на ПСЖ е незадоволно што моменталната игра на тимот зависи целосно од Нејмар и Килијан Мбапе, па тие започнаа да планираат промени.

Претходно беше објавено дека самиот Томас Тухел нема намера да остане во Париз, за ​​да не прифати евентуален предлог за продолжување на соработката.