ПСЖ не запира со засилувања за следната сезона.
Парижаните сакаат да доведат нов португалски фудбалер, откако ги решија прашањата на Мендеш и Витиња.
Според францускиот новинар Адријан Грение, парижаните се качиле на „жица“ за трансферот на Ренато Санчез. Наводно, Лил веќе договорил се со Милан, но француската престолнина верува дека може да ја сврти ситуацијата во своја полза.
Имено, Лил за Португалецот бара 30 милиони евра, додека италијанскиот шампион нуди само 15. Бидејќи парите не се проблем за ПСЖ, се очекува Французите да дадат понуда по вкусот на сонародникот.
Санчес го освои трофејот „Златно момче“ во 2016 година, кој му се доделува на најдобриот фудбалер до 21 година, најмногу благодарение на настапот на ЕУРО 2016 година, кога со Португалија стана шампион.
Фудбалерот на Лил беше блиску до пристигнување на Камп Ноу минатото лето, според Eleven. Потоа, поради повреда, 24-годишниот играч за врска го пропушти овој трансфер, што многу го растажи.
„Многу клубови беа заинтересирани за мене летото. Кога се повредив, сфатив дека останувам во Лил. Се беше готово со Барселона, но мислам дека се се распадна поради повреда“, изјави Санчес во ноември.
На 24-годишна возраст, Ренато Санчес веќе беше шампион во три различни земји: Португалија, Франција и Германија.