ФУДБАЛ

ПСЖ нуди нов договор, Барселона го бара назад: Се знае кога Меси ќе донесе одлука!

Пред една година, во шокантен пресврт на настаните, Лионел Меси стана нов играч на Пари Сен Жермен.

Тогаш Меси мораше да ја напушти Барселона, иако беше јасно дека не сака и сите само го чекаа моментот кога повторно ќе се врати.

Во првата сезона во новиот клуб, Меси не беше како што сме навикнати да го гледаме, но му требаше време да се навикне на се.

Оваа сезона приказната е сосема поинаква. Лионел Меси игра одлично, и конечно ги исполни сите очекувања на навивачите.

Сепак, она што во моментов претставува проблем за ПСЖ е договорот на Лионел Меси, кој е со важност до 2023 година.

После тоа, Меси ќе стане слободен играч, а кариерата ќе може да ја продолжи во друг клуб доколку сака.

Според трансфер специјалистот Фабрицио Романо, одлуката за кариерата на Меси ќе биде донесена дури следната година.

“Меси нема да носи никакви одлуки во следните недели или месеци. Тој е фокусиран само на ПСЖ и Светското првенство со Аргентина. Ништо нема да се решава пред Светското првенство. И покрај обидот на ПСЖ да го комплетира новиот договор што е можно поскоро, како како и интересот на Барселона, Меси ќе ја донесе одлуката следната година“, напиша Романо на својот Твитер.

Така, тој јасно потврди дека интересот на Барселона постои, и дека доколку сака, Меси ќе може да се врати во тимот каде што ја стекна сета слава следната година.

На крајот не ни останува ништо друго освен да почекаме до јануари и да видиме дали тогаш ќе биде донесена одлуката.