Ако може да се верува на написите на „Калчиомеркато“ Јувентус во летниот преоден рок би можел да заработи голема сума на пари. Италијанците јавуваат дека ПСЖ е загреан за Миралем Пјаниќ, а за таа цел подготвени се да платат 70 милиони евра.
Тоа значи дека Јуве би заработил двојно повеќе од она што го плати на Рома во 2016-та годинаа, а тоа е 32 милиони евра.
Пјаниќ претходно настапуваше во Франција, поточно во Мец и Лион. Јувентус сериозно размислува за негова продажба.