ФУДБАЛ

ПСЖ подготвува голема зделка: Спектакуларниот трансфер го оставија за крајот на август

На повидок е уште еден голем трансфер во европскиот фудбал.

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар е голема желба на ПСЖ и парижаните го ловат словачкиот репрезентативец.

Скриниар има 27 години и договор со Интер до 2023 година, па ова е шанса за нероаѕурите добро да заработат, бидејќи Скриниар вреди 65 милиони евра.

Сепак, во редовите на Интер треба добро да размислат со оглед на тоа што Словакот е еден од клучните играчи во бековската линија.

ПСЖ и претходно го имаше Шкриниар на својот радар, но не успеаја да се договорат со Интер, но сега се решени да одат до крај без разлика на крајната цена.

Шкриниар дојде во Интер во 2017 година од Сампдорија, а моментално е капитен на словачката репрезентација за која одигра 54 натпревари и постигна три гола.

Интер последниве денови е доста активен, а клубот го напушти и Алексис Санчез кој кариерата ја продолжува во Марсеј.

Во последниот тест натпревар пред првиот натпреварувачки испит, Нероаѕурите во својот тренинг камп го пречекаа аматерскиот тим Сант Анџело Лодиџано.

Поранешниот шампион на Италија очекувано немаше проблеми со многу послабиот противник и славеше убедлива победа со 11:0.