Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен подготвува голем ремонт.
Фабрицио Романо денеска потврди дека ПСЖ за првпат сериозно размислува да ја „раскине“ врската меѓу триото Мбапе, Нејмар и Меси.
Романо уверува дека само Мбапе е недопирлив, додека клубот ќе донесе одлука за Нејмар, но и дека многу зависи од тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот.
Аргентинецот има договор до 30 јуни и не е невозможно да не ја прифати понудата, што значи дека ќе биде слободен да избере нова средина.
Не е тајна дека Луис Кампос е најголемиот противник на Нејмар и дека повеќе би сакал да се ослободи од него, особено што и Бразилецот може да донесе пари.
Кампос дури состави листа на засилувања за летниот преоден рок, составена од локални играчи како Рандал Коло Муани, Маркус Тирам, Јусуф Фофана и Ману Коне.
Нејмар влезе во војна со Кампос, Челзи го повикува, а Манчестер Јунајтед се споменува доколку дојдат нови купувачи од Катар.
Меси засега нема намера да ја напушти Европа, но тешко дека ќе се врати во Барселона, па ќе биде интересно да се следи понатамошниот развој на ситуацијата…
