Иднината на Ерлинг Халанд е водечка тема во фудбалскиот свет, а сега ПСЖ е решен да стави крај на целата приказна.
Парижаните го посакуваат Халанд на лето и подготвуваат договор кој ќе биде вреден 300 милиони евра! За што всушност се работи?
ПСЖ би платил 75 милиони евра на Борусија Дортмунд за услугите на Халанд плус одредени бонуси кои би биле договорени подоцна. Исто така, 20 милиони би отишле кај Мино Раиоли кај менаџерот на Халанд, а 20 милиони кај таткото на Елринг, Халанд Постариот, кој е еден од претставниците на норвешкиот напаѓач.
Според споменатите бројки, ПСЖ на Халанд му нуди годишна плата од 30 милиони евра која би изнесувала 180 милиони за шест години. Кога ќе додадеме 105 милиони на тие 180 милиони што одат за Борусија, Раиоли и Халанд сениор, доаѓаме до сума од 285 милиони евра, а бонусите за Дортмунд сигурно би изнесувале околу 20 милиони, што значи дека на крајот ќе стигнеме до цифра од 300 милиони евра.
🚨 If PSG want to sign Erling Haaland this summer they'll need to pay a €75m fee plus €20m to Mino Raiola and €20m to Haaland’s father Alf-Inge as well as a €30m-€35m yearly wage over a 6-year contract.
The total transfer cost would be €300m.
(Source: L'Equipe) pic.twitter.com/DquJg2aMF6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 6, 2022
Ова е првпат некој клуб директно да проговори за интересот на Халанд со конкретен финансиски план, а силата на целата приказна ја дава тоа што оваа вест прв ја лансираше престижниот „ Л’Екип“.
Халанд за новогодишните празници изјави дека кариерата ја продолжува во Шпанија, па повеќето го виделе во дресот на Реал Мадрид, но по оваа понуда од ПСЖ ќе има повеќе размислувања и шпекулации.
Нема сомнеж дека не очекува возбудливо лето кога е во прашање иднината на овој одличен норвешки напаѓач.