ФУДБАЛ

ПСЖ прифати да го продолжи натпреварот, гостите сепак се решени да не играат (ВИДЕО)

Според последните информации, постои можност да продолжи натпреварот ПСЖ – Башакшехир.

Во Париз, потсетуваме, настана скандал затоа што гостите го обвинија четвртиот судија за расна навреда на Демба Ба, а на крајот фудбалерите од Истанбул го напуштија теренот.

Фудбалерите на двата тима се уште се во соблекувалните и се поставува прашањето дали натпреварот ќе продолжи.

Парижаните беа подготвени да излезат и да го продолжат натпреварот, но наводно гостите не отстапија од намерите, па многу е можно на крајот натпреварот да биде регистриран со официјален резултат од 3:0 за домашниот тим.

Крајниот рок за продолжување на натпреварот наводно бил 22 часот.

https://twitter.com/i/status/1336406409014091782