Искусниот 30-годишен француски голман Александре Летелие ги засили редовите на актуелниот француски шампион ПСЖ.
Летелие минатата сезона играше за тимон од Лига 2, Орлеанс, а во ПСЖ доаѓа како слободен агент.
Тој потпиша едногодишен договор со францускиот шампион, а нема информации колку ќе заработува месечно.
Овој голман ги помина сите младински селекции на ПСЖ, тој забележа 19 настапи за Б тимот во сезоната 2009/2010.
Покрај Орлеанс, во досегашната кариера тој играше за Анже, Јанг Бојс, Троа и Сарпсборг.