ФУДБАЛ

ПСЖ распука пред паузата – пет гола во мрежата на Оксер

Во последниот натпревар пред паузата поради Мундијалот, Пари Сен Жермен многу убедливо го совлада Оксер на свој терен и победи со резултат 5:0.

Со стартниот состав Кристоф Галтје го потврди своето тврдење пред овој меч – ниту една од ѕвездите на тимот и на претстојниот Мундијал не побара одмор. На теренот беа и Меси и Нејмар и Мбапе.

Домашниот тим постигна еден гол во првото полувреме, а истиот го постигна Мбапе во 11. минута.

Следеа два брзи гола на почетокот на вториот дел од натпреварот – мрежата ја погоди Солер во 51. минута и Хакими во 57. минута.

А потоа уште два брзи гола во самиот финиш – Санчез беше стрелец во 81-та, а конечниот резултат три минути подоцна го постигна Екитке.

На тој начин ПСЖ ја продолжи серијата без пораз оваа сезона. Од 15 натпревари има 41 бод – 13 победи и две нерешени. Оксер е 17-ти на табелата со 13 бодови, а ова му беше осми пораз сезонава.