50 милиони евра по сезона, ова е нова понуда на ПСЖ за Мбапе што ја бара Реал Мадрид.
Килијан Мбапе има важечки договор до летото 2022 година со ПСЖ и покрај обидите на францускиот клуб, напаѓачот досега отфрли каква било понуда за понатамошно продолжување на соработката.
Сепак, според францускиот весник „Л’Екипе“, францускиот клуб е подготвен да понуди неверојатни 50 милиони евра по сезона за напаѓачот, под услов договорот да биде продолжен барем до летото 2025 година.
Мбапе во моментов заработува 15 милиони евра сезонава и е втор најплатен играч во Лига 1 по Бразилецот Нејмар, а доколку го потпише новиот договор, ќе го достигне нивото на плата на Роналдо и Меси.
Бројките се навистина примамливи за напаѓачот на светскиот шампион во Франција, но самиот тој се чини дека е во искушение од идејата да игра во Шпанија со Реал Мадрид, каде неговиот идол Зинедин Зидан со нетрпение го чека.