Францускиот дефанзивен играч за врска на Челзи, Тиемуе Бакајоко, би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ.
Според француските медиуми, клупските челници се во преговори околу трансферот и работата наскоро би можела да биде завршена.
Веројатно е дека Бакајоко ќе пристигне на позајмица во редовите на францускиот шампион кој ќе има обврска да го купи од Челз и на крајот на сезоната.
Да потсетиме, овој фудбалер минатата сезона играше за Монако како позајмен играч. За Монако одигра 20 натпревари и постигна еден гол.
Својата постара кариера ја започна во Рен, од каде се пресели во Монако во 2014 година, пред да биде продаден во Челзи во 2017 година.