ПСЖ ќе биде без четворица првотимци во среда во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.
Нејмар и Мбапе се враќаат во акција, иако не се во добра форма бидејќи ПСЖ загубија од Монако и ремизираше со Тулуз во последните предизвици во Франција.
Сега е потврдено дека Мауро Икарди и Пабло Сарабија ќе патуваат на „Олд Трафорд“ на мечот, како и Жулијан Дракслер и Хуан Бернат.
Напаѓачот Икарди излезе од клупата против Тулуз, но почувствува болка во бутот, па се чини дека Моис Кин, ќе започне во нападот на ПСЖ.
Овој натпревар е од витално значење за ПСЖ доколку сака да ги одржи живи надежите за место меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите.
По четири одиграни натпревари во групата Х, ПСЖ е втор со шест бода, колку што е и Лајпциг на третото место.
Манчестер Јунајтед е прв со девет бода.