Актуелниот француски шампион, ПСЖ, ќе биде значително ослабен во продолжението од сезоната.
Имено, за време на синоќешниот натпревар со Мец се повреди дефанзивниот фудбалер Хуан Бернат, а денешните детални прегледи утврдија дека станува збор за поврдеа на предните вкрстен лигамент на коленото.
Шпанскиот дефанзивен играч ќе се оперира во наредните денови, а заздравувањето ќе трае минимум шест месеци.
Дали тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, ќе се обиде да најде замена за Бернат на пазарот, а кој ќе биде ќе се знае во следните неколку дена.
Да потсетиме, овој фудбалер пристигна во ПСЖ во 2018 година од Баерн, каде играше четири сезони. Претходно играше за Валенсија.