ФУДБАЛ

ПСЖ во проблеми, бројот на заразени со КОВИД-19 се искачи на шестмина

Масовни инфекции со Коронавирус во шампионскиот тим на Франција, ПСЖ.

Првично беа заразени тројца, Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, но сега уште тројца играчи се потврдени со COVID-19 по извршените тестови пред почетокот на новата сезона.

Според престижниот „Л’Екип“, станува збор за Мауро Икарди, Маркињос и Навас.

Бројот на случаи во парискиот клуб се зголемува на шест, што ја алармираше управата, бидејќи ќе мора многу внимателно да ја следат ситуацијата за да не го загрозат почетокот на сезоната. Сите позитивни фудбалери се изолирани во своите домови.

Според францускиот весник, дел од играчите на ПСЖ позитивни на КОВИД-19 гп ​​поминале одморот заедно на Ибица.

Јасно е дека тие не ги почитуваа правилата за физичко дистанцирање, напротив, тие се забавуваа без да држат дистанца.