Нејмар се поврзуваше со заминувањето од ПСЖ во изминатите неколку преодни рокови, а најмногу се зборуваше за неговото враќање во Барселона.
Сепак, се чини дека нема да има ништо од враќањето во поранешниот клуб, но Нејмар ќе остане жител на Париз и во иднина.
Имено, веќе неколку недели челниците на ПСЖ водат неформални разговори со Нејмар за продолжување на договорот.
Синоќа, по натпреварот против Марсеј, тие презедоа конкретни чекори, и разговараа за платата и должината на новиот договор, пренесуваат француските медиуми.
Останува да се види дали Нејмар ќе остане во ПСЖ или ќе го смени клубот во наредниот период.