КОШАРКА

Публиката во Загреб остана без зборови, Дражен Петровиќ се појави на холограм во салата (ВИДЕО)

Синоќа во загребската Арена се одржа спектакуларен спомен посветен на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, а врв на вечерта беше појавувањето на холограмот на Дражен во салата.

На меморијалот на Дражен учествуваа хрватските и европските кошаркарски великани. Егзибицискиот натпревар го одигра тимот Дражен, составен од кошаркари од Евролигата. Заврши со резултат 110:107. Меморијалот беше организиран по повод 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ, легендарниот кошаркар кој трагично загина, а настанот го красеа бројни легенди на светската кошарка.