ФУДБАЛ

Пукна петарда во Салерно: Интер ја декласираше Салернитана

Фудбалерите на Интер вечерва ја победија Салернитана со 5-0 во 18. коло од италијанската Серија А.

Интер тргна офанзивно од првата минута и беше јасно дека Салернитана вечерва тешко дека ќе остане непоразена пред своите навивачи. Гостите од Меаца одиграа одличен натпревар, а на крајот сосема заслужено славеа.

Екипата на Интер поведе во 11. минута кога Чалханоглу центрираше од корнер, а одличен удар со глава постигна Иван Перишиќ.

 

Четири минути подоцна нова шанса за гостите. Алексис влезе во шеснаесетникот и се обиде да го ангажира Џеко кој беше сам на другата страна, но тој очајно ја испрати топката што многу му пречеше на Џеко.

 

До вториот гол Интер стигна во 33. минута. Џеко одлично го ангажираше Дамфрис, кој од десетина метри ја испрати топката во мрежата на домаќините.

 

Џеко можеше да постигне гол во самиот финиш од првото полувреме кога голманот на домашниот тим реагираше лошо по центаршутот, но Џеко не успеа со глава да ја испрати топката во празната мрежа.

Интер продолжи со одлична игра и во вториот дел. Гостите во 52. минута успеаја да стигнат и до третиот гол.

 

Џеко, Чалханоглу и Алексис одлично искомбинираа, а на крајот Чилеанецот постигна гол за 3:0. Неколку минути подоцна Инзаги го испрати Лаутар на теренот, што вроди со плод.

 

Аргентинецот беше во центарот на вниманието во 77. минута кога постигна одличен гол за 4:0 и продолжи со одличната голгетерска серија. Интер заврши се во 87. минута кога конечните 5:0 ги постави Гаљардини.

Интер е прв на табелата со 43 бодови, додека Салернитана остана последна со само осум бода од 18 натпревари.

 

 

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А