ФУДБАЛ

Пукна резил во Шпанија: Третолигашот го исфрли Реал Мадрид од Купот на кралот!

Страшна сензација се случи вечерва во 1/16 финалето од Купот на шпанскиот крал, бидејќи Реал Мадрид по продолженијата беше елиминиран од тимот на Алкојана со резултат 2:1.

Малкумина слушнале за шпанскиот третолигаш, тимот на Алкојан, но Реал Мадрид тоа многу добро ќе го памети.

Тоа е екипата која вечерва по продолженијата го елиминираше повеќекратниот шампион на Шпанија и Европа. Зидан испрати шарен тим на теренот, но повторно многу силен, но недоволно силен за да го помине противникот вечерва.

Реал ја презеде иницијативата од првата минута и стигна до голот дури во последната минута од првото полувреме преку Милитао. Во продолжение Реал се опушти, што домашниот тим знаеше да го искористи.

Во 80-та минута домашниот тим заслужено дојде до голот по погодокот на Солбс. Во продолженијата, тимот од третиот ранг на шпанскиот фудбал успеа да стигне до вториот гол, но на кој начин.

Во 110 минута, Солбс доби втор жолт картон односно црвен.

И кога сите очекуваа Реал да ја искористи предноста на полето, се случи токму спротивното затоа што Алкојун, по убавата акција над Казанова, стигна до гол вреден за победа над славниот Реал!