Билетите за навивачите на македонската фудбалска репрезентација на ЕП ќе се продаваат од 17 мај до 26 мај 14:00 часот по попладне. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.
Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди пристапни шифри за порталот на влезниците на УЕФА, кои претходно ја контактирале федерацијата за продажба на билети.
Вкупниот број за македонски навивачи е се уште не утврден.
Добра вест е тоа што за Романија ќе биде потребен само негативен ПЦР тест, кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт, а не како првично одредените 72 часа. За Амстердам засега нема детални информации, освен дека за влез на стадион ќе биде задолжителен негативен ПЦР-тест.
Апликацијата за билетите на следниот ЛИНК.