Рускиот претседател Владимир Путин денеска постигна пет гола за “Хокејарските легенди” на традиционалниот годишен гала натпревар во аматерската ноќна хокејарска лига во салата “Големиот замок од мраз ” во Сочи, известува ТАС С.
Претседателот на Русија постигна два гола во првата третина од мечот, а потоа во втората третина имаше асистенција, а во последните 20 минути од натпреварот постигна три гола за конечен резултат од 12:7 во корист на тимот на Путин.
Со него во тимот беа Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, како и олимпискиот шампион, Вјачеслав Фетсов, Алексеј Касатонов, Валери Каменски, Павел Буре, а голманот како и во претходните натпревари беше гувернерот на регионот Тула, Алексеј Џумин. Путин носеше специјален црвен дрес со број 11.