ФУДБАЛ

Рабиот доби понуда како никој до сега: Му даваат дури 50% од идната продажба!

Клубовите се подготвени на многу работи да ангажираат играч кој ќе им биде огромно засилување.

Одкако Рабиот одлучи како слободен играч да го напушти ПСЖ, неговата мајка, застапник и преговарач, проговара со најголемите клубови.

Овој одличен играч од средниот ред секоја недела го сака нов клубж, а од Шпанија доби понуда како никој досега.

Имено, Бетис сака да го види во своите редови, а андалузискиот клуб му понудил дури 50% од идната продажба.

Сепак, понудата, која дефинитивно изгледа примамливо, меѓутоа запрашан е 24-годишниот фудбалер дали има желба да игра за клуб кој не се појавува во Лигата на шампионите.

Тотенхем сакаше Рабиот да го види во своите редови, но тој му се заблагодари на лондонскиот клуб. Причината е неверојатна и прилично бизарна. Тој мисли дека Спарс не е тим од неговото ниво и може да направи многу подобро.

Инаку, Французинот беше посочен како засилување на Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и други гиганти …