Реал Мадрид летово го донесе Хоселу и многумина беа скептични, но сега ситуацијата е поинаква.
Искусниот напаѓач пристигна на позајмица од Еспањол, а беше откриено дека Реал има опција да го откупи за само милион и пол евра.
Точно е дека веќе има 33 години, но Хоселу му покажа дека е одлична опција во ротацијата и максимално ја користи својата шанса.
Сезонава постигна осум гола со две асистенции на 21 натпревар, за нешто повеќе од илјада минути поминати на теренот.
Хоселу ги доби своите пет минути во шпанската репрезентација, па се чини дека сезоната 2023/24 не може да биде подобра за него.
Останува само Реал да го купи на лето и тој да оди на ЕУРО 2024…
