КОШАРКА

Работнички го пречекува Пелистер на стартот од четвртото коло во кошаркарскиот шампионат

Со натпреварот РаботничкиПелистер вечер од 18 часот во Скопје ќе започне четвртата рудна од Првата македонска кошаркарска лига.

Тимот од „Градски парк“ е во обид да го задржи максималниот ефект, додека Пелистер ќе се обиде да му пружи достоен отпор на фаворитот.

Два натпревари од оваа рунда на програма се утре: Гостивар – Шкупи и Охрид – Кожув.

Неделната програма е составена од натпреварите Карпош Соколи – Фени Индустри и Струмица – Куманово.

Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, аеродромци својот дуел со Блокотехна ќе го одиграат на 2 ноември.

На врвот на табелата со по три победи од исто толку натпревари се наоѓаат Блокотехна, Работнички, Гостивар и Карпош Соколи.

ПОВРЗАНО

АБА ЛигаРаботничкиПелистерМЗТШкупи