КОШАРКА

Работнички останува непоразен, Пелистер го изненади Фени

Тимот на Работнички ја забележа деветата победа во деветото коло од македонската кошаркарска лига славејќи со 95:75 против АВ Охрид на домашен терен.

На домашен терен славеше и Гостивар против Карпош Соколу за 111:83, а висока победа славеа и кошаркарите на Куманово на гости кај Шкупи со 95:65.

Изненадувањето на колото го направи Пелистер со победата над Фени Индустри со 76:62.

Последниот натпревар од колото се игра во вторник, каде што Кожув го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Табела: Работнички 18 бодови, Блокотехна 17, Гостивар 15, Куманово 14, Карпош Соколи 14, Фени Индустри 14, МЗТ Скопје А. 13, АВ Охрид 13, Шкупи 11, Пелистер 11, Струмица 10, Кожув 9.

ПОВРЗАНО

РаботничкиПелистерМЗТШкупи