ФУДБАЛ

Раџа Наинголан повеќе не е играч на Интер

Со заеднички договор, Интер и Наинголан ја прекинаа соработката, па тој сега е слободен агент.

Интер ќе му додели обештетување на белгискиот репрезентативец два милиони евра за да ја прекине соработката пред време.

33-годишниот играч за врска играше за Интер од 2018 година, но минатата сезона беше позајмен во Каљари.

Во сезоната 2018/2019, тој одигра 29 натпревари за Интер и постигна шест гола. Една сезона подоцна тој беше позајмен на Сардинците каде одигра 26 натпревари и постигна шест гола.

Се верува дека Наинголан сега ќе потпише договор со тимот на Каљари во кој играше последните две сезони.

Играше во Италија за Рома и Пјаченца, а кариерата ја започна во Бершот, Белгија.