ФУДБАЛ

Радио Каталуња тврди: Барселона сака да го купи Мо Салах

Во Барселона интензивно трагаат по лево крило, а голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах наводно е една од целите за следната сезона.

Радио Каталуња пренесува дека клубот од Ноу Камп ја разгледува можноста да го ангажира одличниот Египќанец за следната сезона.

Според истиот извор, најголемата пречка е платата на Мохамед Салах. Поради ова, многумина веруваат дека тоа не е реална опција.

Египќанецот има 31 година, а неговиот договор со Ливерпул е до 30 јуни 2025 година. Досега за клубот од „Енфилд Роуд“ има постигнато 179 гола.

Како други решенија за истата позиција, се споменуваат колумбискиот соиграч на Салах, Луис Дијаз , како и напаѓачот на Јужна Кореја и Тотенхем, Сон Хеунг-Мин.