Македонската репрезентација во одбојка вторпат едноподруго ќе игра на Европско првенство.
Нашите најдобри одбојкари пласманот меѓу најдобрите на контиентот го заверија со победата против фаворизираната Турција со 3-1 (25:19,21:25,25:23,25:18) во сетови во последниот натпревар од квалификацискиот турнир.
Брилијантна партија имаше Александар Љафтов кој забележа 23 поени, ова можеби беше и негов меч на кариерата за Македонија, капитенот Никола Ѓорѓиев имаше 24 поени.
Македонија квалификациите ги заврши на второто место со ист број на бодови како и Турција но имаме еден загубен сет повеќе. Сепак на Европско првенство одиме како една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи.