Најголемиот македонски адут на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски го расутири Кјо Дон Ин од Јужна Кореја во полуфиналето со 12:6 и се пласираше во финалето во таеквондо во категоријата +80 килограми. Она што е сигурно е тоа дека Македонија веќе освои медал, а тоа е сребро. Георгиевски со пласманот во финалето веќе е на второто место во оваа категорија, но сепак попладнево во 14:45 часот по македонско време има можност за историја и донесе златен медал на Македонија од Олимписките игри.
Претходно, Георгиевски во четвртфинакето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. А утринава, на стартот од турнирот направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.