Екипата на Марсеј е во катастрофална форма бидејќи врза четири последователни порази во сите натпреварувања, од кои три во лигата.
Навивачите на Марсеј го изразија своето незадоволство од сето ова во саботата вечерта кога го запалија тренинг центарот на нивниот клуб и нападнаа одредени играчи, по што беше откажан натпреварот против Рен, кој требаше да се игра таа вечер.
Покрај тоа, Андре Вилаш Боаш се повлече од функцијата тренер откако раководството донесе играч што не го бараше?!
Тешки денови за деветкратниот француски шампион и поранешен европски шампион. Пожарот во и околу клубот можеше се изгасне ни помалку ни повеќе од легендарниот Рафаел Бенитез.
Популарниот Рафа неодамна се врати од Кина по освојувањето на Купот со Далиан, кој го водеше две години, а наводно челниците на тимот од Веледром веќе стапиле во контакт со Шпанецот, а деновите пред нас ќе покажат дали ќе биде постигнат заеднички договор во крај.