Рафаел Надал ја потврди првата позиција на АТП листата до крајот на годината со победата над Хјон Чунг од Јужна Кореа во второто коло од турнирот во Париз.
Во пресрет на турнирот во Берси единствен кој можеше да го загрози првото место на Шпанецот беше Роџер Федерер, но откако тој го откажа учеството на Надал му беше потребно само да забележи една победа.
Ова е четврти пат во кариерата Надал годината да ја заврши на првото место на светската ранг листа откако претходно тоа му успеа во 2008, 2010 и 2013 година.