ФУДБАЛ

Рахим Стерлинг ова лето се пресели од Манчестер Сити во Челзи.

Во интервју за клупската веб-страница, овој брзоноги фудбалер истакна дека му е потребен нов предизвик во кариерата, но го привлече вниманието и на еден од проблемите кои ги имаше во Манчестер Сити.

“Едноставно чувствував дека мојата минутажа во Сити станува сè поограничена поради различни причини. Не можев да си дозволам да губам време. Затоа, требаше да останам на исто ниво и да прифатам нов предизвик”, изјави искрениот Стерлинг.

Англискиот репрезентативец се помалку се користеше во последните две сезони по подемот на Фил Фоден и Сити кои потрошија близу 100 милиони фунти за да го доведат Џек Грилиш.

Отсекогаш сум бил стартер од својата 17-та година, па да го достигнам врвот на кариерата и да не играм редовно е нешто што не можев да го прифатам“, продолжи фудбалерот кој го носеше дресот на Ливерпул во периодот од 2012 до 2015 година.

Стерлинг ја освои Премиер лигата четири пати во последните пет години во Сити. За „граѓаните“ на 337 настапи постигна 131 гол.

 

Томас Тухел, тренерот на Челзи, се обидува да ја искористи токму оваа способност на Стерлинг да дава голови и тоа во услови во кои лондонскиот тим се чини дека е принуден да игра без вистински напаѓач во тековната сезона, по заминувањето на Ромелу. Лукаку во Интер и враќање на Тим Вернер во Лајпциг.

Стерлинг ќе го одигра првиот натпревар за Челзи во недела на Стемфорд Бриџ, против Тотенхем.

Што се однесува до Челзи, на радарот го имаа Аубамејанг од Барселона, но се чини дека ништо нема да излезе од тоа.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига