Тимот на Барселона може да добие големо засилување во јануари.
„Каталонски Спорт“ тврди дека раководството на клубот сака да го доведе фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг на позајмица и напорно работат на овој трансфер.
Стерлинг ја загуби стартната позиција од Пеп Гвардиола оваа сезона, а наводно го загубил влијанието што го имал и во тимот.
На клубот не би му пречело да го напушти тимот. Барселона се обиде да го ангажира во летниот преоден рок, но не беше постигнат договор.

Како и да е, преговорите продолжија. Очигледно се оди многу добро и нема да биде изненадување доколку англискиот репрезентативец ги засили редовите на каталонскиот великан.
Стерлинг би пристигнал во Барселона на позајмица во јануари барем до крајот на сезоната, а можно е позајмицата да биде за подолг период.
Рахим Стерлинг е член на Сити од 2015 година. Тој пристигна од Ливерпул и постигна 115 голови на 297 одиграни натпревари.