Според извештајот на „Га Газет дело Спорт“, Мино Раиола сака да вклучи клаузула од 40 милиони евра во новиот договор на Донарума со Милан.
Договорот на одличниот 21-годишен голман истекува на крајот на сезоната и Росоњерите во моментов работат на потпишување нов договор, и преговараат со Мино Раиола.
Познатиот агент бара во договорот на италијанскиот голман да биде вклучена клаузула од 40 милиони евра.
Летото 2017 година, Донарума го потпиша својот последен договор со Милан вреден шест милиони евра.
Клубот сега му нуди нов договор вреден 7,5 милиони евра за пет години, но Раиола има различни барања, вклучително и клаузула според која голманот може да плати 40 милиони под одредени услови.